ЕСМ достави понуди на повикот за парно греење во Скопје
На повикот на Владата за избор на компанија која ќе произведува, дистрибуира и ќе ги снабдува со топлинска енергија потрошувачите на дел од градот Скопје се пристигнати понуди од ЕСМ ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје, ЕСМ ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје и ЕСМ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје.
Јавното отворање на понудите се одржа денеска во Владата, согласно со јавниот повик за избор на вршител на енергетска дејност регулирано производство на топлинска енергија, вршител на енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија и вршител на енергетска дејност снабдување со топлинска енергија.
– Комисијата составена од претставници на владини институции го спроведе отворањето на понудите по јавниот повик за избор на вршител на енергетска дејност регулирано производство на топлинска енергија и беше констатирано дека е пристигната една понуда од страна на понудувачот Друштво за производство на топлинска енергија ЕСМ ПРОИЗВОДСТВО НА ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје. По спроведеното отворањето на понудите по јавниот повик за избор на вршител на енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија беше констатирано дека е пристигната една понуда од страна на понудувачот Друштво за дистрибуција на топлинска енергија ЕСМ ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје. На јавниот повик за избор на вршител на енергетска дејност снабдување со топлинска енергија од страна на Комисијата беше констатирано дека е пристигната една понуда од страна на понудувачот Друштво за снабдување со топлинска енергија ЕСМ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје, соопшти владината прес-служба.