Ескобар: Косово не е Србија, туку Косово и Србија се Европа!

Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан – Габриел Ескобар изјави дека верува оти дијалогот меѓу Косово и Србија ќе заврши со нормализација на односите.

„Мислам дека треба да се оддалечиме од наративот дека Косово е Србија и да се движиме кон наративот дека Косово и Србија се Европа. И така, имате заедничка иднина која забрзано се оддалечува од проблемите на деведесеттите и брзо се движи кон можностите на 21 век“ – рече Ескобар.

Ескобар изјави и дека верува оти Западен Балкан е способен да биде двигател на економскиот развој и дека треба да се фокусира на него.