Ескобар вели дека Србите мора да се вратат во косовските институции, а Приштина мора да формира ЗСО

„Ситуацијата на северот на Косово мора веднаш да се деескалира“, вели денеска во Белград Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар.

Ескобар рече дека САД и ЕУ се надеваат на нови избори и дека сакаат Србите да учествуваат на нив.

„Најголемиот предизвик за Србија е да ги убеди Србите да се вратат во институциите. Претседателот Александар Вучиќ рече дека ќе го искористи своето влијание за Србите да учествуваат на изборите“, рече Ескобар, кој заедно со Лајчак синоќа се сретна со претседателот на Србија.

Ескобар даде одговор и на прашањето поврзано со Заедницата на српските општини.

„ ЗСО ќе се формира, но единствено прашање е дали со оваа косовска влада или со некоја идна, тоа е барање што треба да го исполни косовската влада. Така стои во бриселскиот договор, во заклучоците на Советот на ЕУ и во Охридскиот договор,“ рече Ескобар.