Ескобар:Курти не може да се откаже од формирањето на Заедница на српски општини
Една личност и една партија не може да се откажат од спроведување на правно-обврзувачка точка, тоа е факт. Ние ќе го направиме тоа, јас ќе го направам тоа така што ќе најдам партнери, има многу луѓе кои би сакале да бидат подобри односи помеѓу Србите на северот на Косово и остатокот од земјата, вели специјалниот американски пратеник Ескобар, зборувајќи за потребата да се формира ЗСО.
Габриел Ескобар најавува дека дијалогот помеѓу Белград и Приштина, по разговорите со српскиот претседател Александар Вучиќ, најави дека наскоро ќе се продолжи дијалогот помеѓу двете страни, како и дека косовскиот премиер Албин Курти не може да се откаже од формирањето на Заедница на српски општини (ЗСО).
Тој посочува дека за САД предлогот за решение на односите помеѓу Србија и Косово, од Франција и Германија е добар .Според него тој треба да биде основа за понатамошните преговори.
Одговори негативно на прашањето дали веќе е договорен датум за нова средба во Брисел помеѓу лидерите.Тој вели дека формално не, но оти таа треба да се случи многу брзо.
За тоа како би се формирала Заедница на српските општини на Косово кога косовскиот премиер Албин Курти одлучно вели дека нема да го направи тоа, Ескобар потсетува дека тоа е правно обврзувачки за Приштина и една лично не може да го спречи.
„Една личност и една партија не може да се откажат од спроведување на правно-обврзувачка точка, тоа е факт. Ние ќе го направиме тоа, јас ќе го направам тоа така што ќе најдам партнери, има многу луѓе кои би сакале да бидат подобри односи помеѓу Србите на северот на Косово и остатокот од земјата. Овој месец ќе почнеме да разговараме со луѓето кои имаат добри ние. Ние всушност зборуваме за училишта, собирање отпад, служба за Итна медицинска помош, ништо од што некој би требало да се плаши. Разговараме за тоа како северот на Косово да го направиме пофункционален и подобро поврзан со владата во Приштина. Ние тоа ќе го направиме, а прашање е во кој момент Косово ќе сфати дека меѓународната заедница очекува и бара од нив тоа да го направат“, вели Ескобар.
Француско-германскиот предлог за спорот меѓу Белград и Приштина и формирањето на Заедницата на српски општини, нагласува тој, не се поврзани едно со друго. ЗСО, вели Ескобар, е постоечка обврска и мора да се имплементира.