
Ескалираа протестите во Тирана: Молотови коктели кон Владата, водни топови против толпата
На 35-годишнината од падот на режимот на Енвер Хоџа, илјадници демонстранти излегоа на улиците барајќи оставка од премиерот Еди Рама, но протестот брзо ескалираше во насилство.
Во Тирана вечерва има жестоки судири меѓу опозицијата и полицијата.
На 35-годишнината од падот на режимот на Енвер Хоџа, илјадници демонстранти излегоа на улиците барајќи оставка од премиерот Еди Рама, но протестот брзо ескалираше во насилство.
Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехника врз зградата на Владата, предизвикувајќи пожар на фасадата.
Специјалните единици употребија водни топови и солзавец за да ја потиснат толпата.
Поранешниот премиер Сали Бериша од говорницата порача дека ова е „битка за спасување на Албанија“ од корупцијата и кражбата.
Тензиите се префрлија и пред Собранието, каде полицијата повторно беше принудена да користи сила за да ги сопре обидите за упад.