Брачен пар македонски државјани шести ден од почетокот на нападите се заглавени во појасот Газа. Обидот да избегаат од завојуваното подрачје прегу границата со Египет завршил неуспешно, откако поради интензивните напади, граничниот премин го затвориле во моментот кога требало да поминат. Иако се во најризичните делови, министерот за надворешни работи вели дека тие се безбедни во моментов и се во постојана комуникација. Македонските власти уверуваат дека заедно со египетските колеги се обидуваат да ги извлечат сопружниците.
Кон Македонија патуваат 17 други македонски државјани кои се нашле во критичните подрачја на Израел. Со лет на грчката влада тие утрово пристигнале во Атина, па организирано до грчко-македонската граница ќе се вратат во своите домови.Во текот на ноќта и други пет граѓани преку грција стигнале во Македонија.
Дражавата идентификувала вкупно 150 македонски државјани кои бараат да го напуштат завојуваното подрачје, од нив до денеска 60 веќе се вратиле дома. А утре останатите 90 кои се во Тел Авив со превоз организиран од влада преку „Air Serbia“ ќе бидат евакуирани.
Организиран е авионски превоз со чартер лет, на релација Тел Авив – Скопје, заради евакуација на сите државјани на Р.С Македонија кои сакаат да го напуштат Израел, и кои побарале да се вратат во Македонија. Во услови на целосно откажани летови и блокиран авио транспорт со Израел, предизвикот за организирање на овој чартер лет е надминат преку соработка со „Air Serbia“ за транспорт на граѓаните кои побарале помош. Авионскиот превоз кој ќе биде организиран во текот на утрешниот ден, ќе биде бесплатен за граѓаните кои побарале помош, и ќе биде покриен од резервите на Буџетот на Република Северна Македонија.
Дел од македонците се и на аеродромот во Тел Авив каде велат се безбедни.
Додека уште 90 наши граѓани чекаат да бидат евакуирани, опозицијата обвинува за неспосбност на владата, откако македонските државјани кои се затекнаа во Израел со летови организирани од соседите се враќаат дома, наместо Македонија лично да обезбеди транспорт.
Во моментов според македонските власти, околината на Тел Авив засега е најбебедно подрачје.