Ерупција на вулканот Етна

Етна еруптираше денеска и исфрли пепел врз Катанија, најголемиот град во источна Сицилија. Ерупцијата предизвика прекин на летовите на аеродромот во градот.

Според италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (INGV) облаците и дождливите денови го отежнуваат следењето на ерупцијата.

Институтот објави дека пепел паднал во Катанија и во еден град на падините на Етна. Нема извештаи за повредени.

Аеродромот Катанија објави дека летовите се привремено прекинати поради пепелта.

Национален институт за геофизика и вулканологија посочи дека мониторингот забележал докази за зголемена активност, за потреси во последните денови.