Ерупцијата на Етна предизвика хаос – летови откажани, вулканскиот чад им прави проблеми на пилотите!

Ерупцијата на вулканот Етна ги прекина летовите на меѓународниот аеродром во Катанија.

Иако повеќето летови работат без промени, некои летови се откажани или пренасочени кон други аеродроми во Сицилија поради чад во воздухот, што влијае на видливоста, објави Еуроњуз.

Некои летови беа пренасочени кон аеродромите во Палермо и Комизо.

И блиските градови се покриени со црна вулканска пепел по синоќешната ерупција.

Катанија се наоѓа на источниот брег на Сицилија, во подножјето на вулканот Етна, најактивниот вулкан во Европа.

Тој е најпопуларниот аеродром на Сицилија меѓу меѓународните туристи, особено за време на летната сезона.