Еруптираше Етна на Сицилија
Вулканот Етна на Сицилија денеска повторно исфрла лава и пепел, оставајќи огромен облак од пепел на небото.
Ерупцијата, од југоисточниот кратер на вулканот, создаде облак од пепел во височина од 12 километри, објави Националниот институт за геофизика и вулканологија во Катанија. На снимките од вулканот се гледа густ црн облак кој се движи кон југоисток.
Засега нема информации за штети или жртви, иако локалните жители објавија дека воздухот е загаден и дека пепел и прашина паѓаат од небото.
Блискиот аеродром во Катанија, јужно од вулканот, привремено ги прекина сите летови, објавија од аеродромот на Твитер.