Вулканот Булусан на Филипините денеска исфрлил голем облак пепел, па морале да се евакуираат жителите од околните градови поради постојана опасност од нова ерупција.
Филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија информира дека ерупцијата на вулканот Булусан, лоциран во провинцијата Сорсогон, во источниот дел на земјата траела околу 17 минути, а пепелот бил исфрлен најмалку 1 километар во висина.
Со пепел покриени се два града во провинцијата Сорсогон, што се наоѓа околу 500 километри јужно од Манила.
Вулканот е активен изминатите години, а десетина слични ерупции беа забележани помеѓу 2016 и 2017 година.
На Филипините има над 20 активни вулкани.