Ерик Адамс е новиот градоначалник на Њујорк
Ерик Адамс (61) е нов градоначалник на Њујорк, ја положи заклетвата на церемонијата на „Тајмс Сквер“, веднаш откако започна новата 2022 година.
Адамс е припадник на демократите и ќе има огромен предизвик да го извлече градот од пандемијата, преземајќи ја функцијата во време кога Њујорк се соочува со рекорден број новозаразени.
„Дури и во екот на коронавирусот, среде сè низ што минуваме, ова е земја во која надежта и шансата се секогаш присутни. Извонредно е кога Њујорк и покажува на целата земја како се враќаме. На целата планета и покажавме од што сме создадени. Неверојатни сме. Ова е неверојатен град и верувајте ми дека сме подготвени за големо враќање бидејќи ова е Њујорк“ – рече Адамс.
Тој ја презеде функцијата од градоначалникот Бил де Блазио.