Ердоган ја повика Русија да не ја „напаѓа“ Украина
Претседателот на Турција – Реџеп Тајип Ердоган ја повика Русија да не ја „напаѓа“ Украина.
„Русија треба да ја преиспита ситуацијата во светот и сопствената ситуација пред да се одлучи на таков чекор“ – изјави Ердоган.
Тој смета дека евентуална руска инвазија на Украина би била грешка.
„Украина е силна држава“ – нагласи турскиот претседател
Официјална Москва негира дека планира напад врз Украина, но го предупреди Западот дека проширувањето на НАТО кон таа и другите поранешни советски земји претставува „црвена линија“ што не смее да се премине.