Ердоган ја обвини Грција дека својата политика ја базира на лаги

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави во Прага дека во моментов нема ништо вредно да се разговара со Грција и ја обвини Атина дека својата политика ја заснова на „лаги“.

Тие не се таму каде што треба да бидат – рече Ердоган на синоќешната прес-конференција, пренесе Ројтерс.

Според него, целата нивна политика се заснова на лаги и не се чесни.

– Немаме што да разговараме со Грција – рече Ердоган.

Тој рече дека Атина ја разбира пораката на Анкара кога турските официјални лица рекоа дека таа може ненадејно да пристигне една ноќ, коментар што грчките и некои други западни претставници го осудија како закана за соседната земја.

Ердоган рече и дека би можел да се сретне со својот сириски колега Башар ал Асад кога ќе биде вистинскиот момент.

– Засега ваква средба не е на дневен ред. Но, не можам да кажам дека е невозможно да се сретнам со Асад – рече Ердоган.