Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека „геноцидните методи на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху применети во Газа достигнале ниво на кое би позавидел дури и Адолф Хитлер“, пренесе Бета.
Во изјава за грчкиот весник „Катимерини“, која ја пренесоа турските медиуми, Ердоган тврди дека Појасот Газа не бил затвор на отворено непосредно пред 7 октомври, кога започна војната меѓу Израел и Хамас, туку години пред тоа, како концентрационен логор.
Израелските медиуми потсетуваат дека ова не е првпат Ердоган да го споредува Нетанјаху со нацистичкиот лидер, што предизвика контра обвинувања дека тој самиот е виновен за геноцид.
Ердоган и Нетанјаху долго време се критикуваа, што беше придружено со влошување, а потоа и со повторно подобрување на односите меѓу двајцата поранешни сојузници.
На почетокот на овој месец Анкара објави дека ќе ги прекине надворешно-трговските односи со Израел, поради војната во Газа.