Ердоган: Турција е подготвена за средба на Зеленски и Путин кога ќе бидат подготвени

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека неговата земја е подготвена да ги угости украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин „кога ќе бидат подготвени за состанок“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека неговата земја е подготвена да ги угости украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин „кога ќе бидат подготвени за состанок“.

За време на средбата со Зеленски во Анкара, Ердоган ја оцени моменталната ситуација како историска можност за почеток на преговори меѓу Русија и Украина и изрази силна поддршка на Турција за дијалогот, како на техничко ниво, така и на највисоко лидерско ниво.

Тој ја повтори подготвеноста на Турција да биде домаќин на евентуален самит меѓу Путин и Зеленски и нагласи дека Анкара придава големо значење на одржувањето отворени канали за комуникација меѓу Москва и Киев.

Руската делегација на преговорите во Истанбул ја предводи помошникот на рускиот претседател, Владимир Медински.

Средбата меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и украинскиот претседател Володимир Зеленски, која траеше два часа и 45 минути во претседателскиот комплекс и беше затворена за медиумите, заврши во Анкара, јави Анадолија.

На состанокот присуствуваа и турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер, директорот на Националната разузнавачка служба Ибрахим Калин и советникот на претседателот за надворешна политика и безбедност Акиф Чагатај Килич.

По средбата во Анкара, планирано е заминување на авионот со украинската делегација за Истанбул.