Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган се обидува да се претстави како посредник во постигнувањето некаков мировен договор меѓу Русија и Украина.
Тој денеска во разговор со новинарите, во авионот на враќање од патувањето во Азербејџан им сугерираше дека рускиот претседател Путин е поподготвен за мировни преговори отколку порано.
Ердоган рече дека се уште се надева дека може да се постигне мировен договор, велејќи:
„Видов дека Путин е многу помек и поподготвен да преговара на оваа тема отколку порано“.