Актуелниот претседател на Турција Реџеп Таип Ердоган прогласи победа на претседателските избори во таа земја.
Обраќајќи им се на граѓаните собрани во Истанбул, Ердоган рече дека им се заблагодарува што му го довериле управувањето со земјата во следните пет години.
Според прелиминарните изборни резултати, врз основа на 98,06 отсто од преброените гласови, Ердоган освоил 52,12 отсто од гласовите, додека неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу 47,88 отсто.
Поддржувачите на Ердоган почнаа да се собираат пред претседателската палата во Анкара, каде веќе започна концертот.
#SONDAKİKA Başkan Erdoğan (@RTErdogan): Bizde aile kutsaldır. Aileye kimse dil uzatamaz. Kadına şiddet bizde haramdır. Buna kimse tevessül edemez, ümüğünü sıkarız. Önümüzdeki dönemde milletimize ne söz verdiysek onu yapacağız. pic.twitter.com/QsOxiWmbNM
— 24 TV (@yirmidorttv) May 28, 2023
Турската изборна комисија соопшти дека досега се обработени 76,41 отсто од гласовите, а во странство 42,01 отсто. Според резултатите од Турција, Ердоган води со 53,35 отсто, додека Киличдароглу има 46,65 отсто.
Унгарскиот претседател Виктор Орбан му честиташе на турскиот претседател за изборната победа уште пред да биде официјално објавена. Орбан на Твитер напиша „честитки за несомнената победа“, а потоа на турски „честитки, драг претседателе“, заедно со фотографија од него и Ердоган.
На Ердоган му честитаа и претседателот на Азербејџан Илхам Алиев и емирот на Катар Шеик Тамим бин Хамад Ал Тани.
Во Турција денеска се одржа вториот круг од претседателските избори, а повеќе од 64 милиони граѓани со право на глас избраа меѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, кандидатот на Народната алијанса и Кемал Киличдароглу, кандидатот на опозициската Национална алијанса.