Ердоган постави нови амбасадори во Шведска и Финска

Претседателот на Турција – Реџеп Тајип Ердоган ги смени амбасадорите во Шведска и Финска, двете земји кои аплицираа за членство во НАТО алијансата.

Ердоган назначил нови амбасадори вкупно во 25 земји, а Дениз Чакар, генералниот директор за меѓународна промоција и култура, е именуван за амбасадор во Финска.

Амбасадорската функција во Шведска ќе ја извршува Јан Тезељ, генерален директор за билатерални политички прашања во турското Министерство за надворешни работи.

Поради настаните во Украина, на 18. мај, Финска и Шведска поднесоа барање до генералниот секретар на НАТО за влез во Алијансата.