Ердоган понудил Зеленски и Путин да се сретнат во Турција
Турскиот претседател рече дека планира да разговара за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје со рускиот лидер Владимир Путин и да побара од него да преземе конкретни мерки.
Ердоган денеска соопшти дека за време на разговорите во Лавов му понудил на својот украински колега Володимир Зеленски, Анкара да ја организира неговата средба со рускиот лидер Владимир Путин во Турција.
„Повторив дека нашата солидарност и поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина ќе продолжи, исто како што му кажав на Путин за време на мојата посета на Сочи. Го потсетив Зеленски дека можеме да ја организираме нивната средба“ – рече Ердоган.