Ердоган: Никој нема моќ да ги отстрани Палестинците од нивната вечна татковина

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека ниту една светска сила не може да ги натера Палестинците да ја напуштат својата татковина.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека ниту една светска сила не може да ги натера Палестинците да ја напуштат својата татковина.

„Никој нема моќ да ги отстрани Палестинците од нивната вечна татковина која постои илјадници години. Палестина, вклучително и Газа, Западниот Брег и Источен Ерусалим, им припаѓа на Палестинците. Предлозите на американската администрација за Газа, дадени под притисок на ционистичкиот режим, не вредат да се дискутираат“, им изјави Ердоган на новинарите во Истанбул пред неговото патување во Малезија.

Турскиот лидер, исто така, го поздрави Хамас за исполнувањето на своите ветувања во тековната размена на затвореници со Израел, и покрај, како што рече, „обидите на Израел да го поткопа процесот“.