Ердоган: Ниедно политичко или безбедносно прашање не може да се решава без Турција

На завршната сесија на „Средбите на векот на Турција“ во Конгресниот центар во Истанбул, Ердоган рече дека Турција станала „почитуван глас и во регионот и на глобално ниво – земја што извезува мир и стабилност“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека ниедно регионално политичко или безбедносно прашање, од Сирија до Газа и од Персискиот Залив до конфликтот меѓу Русија и Украина, не може да се реши без учество на Турција, објави државната новинска агенција Анадолија.

На завршната сесија на „Средбите на векот на Турција“ во Конгресниот центар во Истанбул, Ердоган рече дека Турција станала „почитуван глас и во регионот и на глобално ниво – земја што извезува мир и стабилност“.

Тој нагласи дека визијата на Анкара е фокусирана на обезбедување иднина во која „ниту една генерација не е залудно потрошена, мајките не плачат, а преовладуваат мирот, безбедноста и просперитетот“.

Ердоган додаде дека долгорочната цел на Турција е да обезбеди единство и безбедност на нацијата, а воедно да придонесе за помирен регион.

– Со заедничка волја, прво ќе изградиме Турција без терор, а потоа и регион без терор како наше трајно наследство за децата на нацијата, рече турскиот претседател.

Тој, исто така, нагласи дека земјата ќе продолжи да води политики засновани на стабилност, соработка и мир во соседните земји и пошироко.