Ердоган: Неопходно е да се формира независна палестинска држава со Ерусалим како главен град

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека решението засновано на формирање на две држави Израел и Палестина е единствениот начин да се постигне регионален мир.

Говорејќи во Истанбул, тој додаде дека Турција е решена да ги засили дипломатските напори за да постигне деескалација на конфликтот меѓу израелските и палестинските сили.

Ердоган рече дека израелско-палестинскиот конфликт е во центарот на повеќето конфликти и прашања на Блискиот Исток.

Тој додаде дека сега е неопходно да се формира независна палестинска држава со Ерусалим како главен град.