Нема нерешливи проблеми меѓу Атина и Анкара, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, по средбата со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Анкара, од која беше најавено дека двете соседни земји ќе продолжат да ги подобруваат билатералните и добрососедските односи.
„Имавме конструктивна и позитивна средба и разговаравме за проблемите во односите меѓу Турција и Грција. Проблемите ќе ги решиме со дијалог“, рече Ердоган на заедничката прес-конференција со Мицотакис.
Тој изјави дека имал „многу продуктивна, искрена и конструктивна средба“ со Мицотакис.