
Ердоган: Нема да дозволиме хаос на улиците поради конфликтот во опозициската партија ЦХП
-Едно е да се критикуваат одлуките на судот, но да се каже „не го признавам“ судот е директен напад врз владеењето на правото. Таквата неодговорност нема да се толерира, предупреди Ердоган по седницата на Владата, објави „Дејли Сабах“.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди дека владата нема да дозволи внатрешните конфликти во главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) да доведат до нарушување на јавниот ред или непочитување на судските одлуки.
-Едно е да се критикуваат одлуките на судот, но да се каже „не го признавам“ судот е директен напад врз владеењето на правото. Таквата неодговорност нема да се толерира, предупреди Ердоган по седницата на Владата, објави „Дејли Сабах“.
Тој нагласи дека „никој не е над законот“, истакнувајќи дека владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) нема да дозволи „војната за функции во ЦХП да го попречат напредокот на земјата“.
„Тие не направија ништо друго освен грабеж и поткуп. Сега се одговорни за тоа пред судството. Без разлика колку викаат и кукаат, нема да можат да спречат спроведување на правдата. Никој не е надвор од дофатот на законот“, рече Ердоган.
Изјавата доаѓа откако судот во Истанбул го суспендираше раководството на ЦХП поради наводни нерегуларности на конгресот и на негово место постави привремен претседател.
ЦХП ги повика поддржувачите на протест, и покрај забраната за јавни собири, што доведе до судири со полицијата.
Министерот за внатрешни работи изјави дека државата решително ќе реагира на секоја нелегална активност.
Опозициската партија ги негира обвинувањата за корупција, тврдејќи дека тоа е политички мотивиран обид за ослабување на нивната моќ.