Претседателот на Руската Федерација – Владимир Путин треба да биде охрабрен „чесно“ да ја напушти Украина и да го прекине конфликтот. Ова го изјави денеска турскиот претседател – Реџеп Таип Ердоган.
„Мораме да му кажеме на Путин, вие сега треба да бидете тој што ќе го направи првиот чекор кон мирот. Треба да се обидеме да го решиме овој конфликт со охрабрување за чесно излегување оттаму“ – рече Ердоган, враќајќи се од самитот на НАТО во Брисел.
Тој кажа дека ќе разговара со Зеленски и со Путин за да ги проценат деталите од самитот на НАТО.
Официјална Анкара се гледа себеси како посредник во конфликтот и има блиски односи и со Украина, но и со Русија.
Ердоган верува дека компромисот меѓу Киев и Москва е сè уште можен, вклучувајќи го и повлекувањето на Украина од членството во НАТО и делумното разоружување.