„КААН“ е новото име на турскиот борбен авион, познат како ТФ-Х изјави турскиот претседател Ердоган.
„Турција сега е присутна на секое поле – на копно, во морето и под морето, во воздухот и во вселената“, рече Ердоган за време на настанот наречен „Иден век“ организиран од Турската авијациска индустрија (ТАИ) Анкара.
Авионот „КААН“ од петтата генерација го разви ТАИ со цел да ја замени застарената флота на турската војска Ф-16, јави Анадолија.
Со ова летало Турција ќе стане една од петте земји кои имаат ваков тип на технологија, додаде Ердоган.