Турскиот претседател Реџеп Ердоган го обвини „институционалниот расизам“ и колонијалното минато на земјата за националните бунтови во Франција, пренесува АФП.
Француската влада е преокупирана со немири и грабежи во Париз и низ целата земја откако минатиот вторник беше застрелан од полицаец 17-годишниот Нашел М. – француски државјанин со алжирско потекло.
За немирите во Франција тој ја обвини „исламофобијата“, која ја поврза со колонијалното минато на Франција.
„Во земјите познати по нивното колонијално минато, културниот расизам стана институционален расизам“, рече тој на телевизија по неделниот состанок на владата.
„Сржта на настаните што започнаа во Франција е социјалната архитектура изградена од овој менталитет. Повеќето од имигрантите кои се осудени да живеат во гета, кои се систематски угнетувани, се муслимани.
„Улиците не можат да се користат за барање правда. Сепак, јасно е дека властите мора да учат и од социјалната експлозија“, рече Ердоган.