Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека се чувствува многу подобро по стомачниот вирус.
„Фала му на Бога, сега сум многу подобар“, рече тој на новинарско прашање за време на посетата на фестивалот „ТеХнофест“ во Истанбул, пренесува ТАСС.
Тоа е првпат, по извештаите за неговата болест, Ердоган да се појави лично на некој настан.
Тој беше придружуван од неговата сопруга Емине, како и претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, кој дојде во посета со неговата сопруга Мехрибан.