Ердоган за Путин: Јас го познавам, ако замисли нешто, го прави тоа!

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за рускиот претседател Владимир Путин рече дека „ако рускиот лидер замисли нешто, тој го прави тоа“.

„Тоа може да се случи, бидејќи Путин, јас го познавам, ако замисли нешто, го прави тоа. Таква е ситуацијата. Затоа му придавам големо значење на нашиот разговор. Се надевам дека ќе го оставиме прашањето на точката што ја достигна и дека ќе преминеме на дипломатија“ – рече Ердоган, пренесува агенцијата Анадолија.

Турскиот претседател им рече на новинарите дека нуклеарната војна би била катастрофа.

„Цената за преминување во нуклеарна војна е катастрофална. Не треба ни да размислуваме за тоа, а камоли да го декларираме. Дипломатско решение е најправилно“ – рече Ердоган.