Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека Турција поддржува решение со „две држави“ за Кипар, додавајќи дека федерално решение не е можно.

На церемонијата во северниот дел на поделената Никозија, која е под турска контрола, а по повод 50-годишнината од заземањето на дел од островот од страна на турските сили, Ердоган рече дека Анкара е подготвена да преговара и конечно да постигне мир и решение за Кипар.

Тој оцени дека кипарските Грци „јасно“ покажале дека „немаат намера“ да споделуваат политичка моќ или природни ресурси со кипарските Турци на островот.