Ердоган: Западот треба да преземе чекори за ублажување на конфликтот меѓу Израел и Хамас

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска во телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон дека западните земји треба да преземат чекори за намалување на тензиите во конфликтот меѓу Израел и Хамас, соопшти кабинетот на турскиот претседател.

Според извештаите, Ердоган и Макрон разговарале за хуманитарната ситуација предизвикана од конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Ердоган рече дека кршењето на човековите права на цивилите во Газа е неприфатливо, се вели во соопштението објавено на платформата Икс (Твитер), пренесе „Ројтерс“.