Ердоган: Западните сили само и делат совети на Украина
„НАТО би требало поодлучно да дејствува во однос на руската инвазија врз Украина“ е ставот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој испрати критики и до Европската Унија поради „неделувањето“ и отсуството од демонстрација на „сериозен, конкретен став“.
„Западните сили само и делат совети на Украина. Кога ќе се согледаат преземените чекори, нема преземени чекори“ – рече Ердоган.
„Денешниот Самит на НАТО не би требало да биде „фестивал на осудувања“. Наместо тоа Анкара очекува да види чекори што би можело да бидат преземени за решавање на судирот“ потенцираше Ердоган.
Украина вчера побара од Турција да ги затвори теснеците Босфор и Дарданелите што ги поврзуват Средоземното и Црното Море, согласно Договорот од 1936 година.
Официјална Анкара денеска соопшти дека не може да спречи руските пловила да влезат во Црното Море оттаму, на што, согласно договорот, имаат право да се вратат во нивните црноморски бази.
Турција како членка на НАТО се граничи и со Украина и со Русија на Црното Море и има добри врски со двете земји.