Турскиот амбасадор во Приштина, Тунч Ангили изјави дека претседателот Реџеп Таип Ердоган изразил подготвеност да ја преземе улогата на посредник во дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Ангили рече дека Ердоган лично му ја пренел желбата на премиерот на Косово, Албин Курти и на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, додавајќи дека Турција е секогаш подготвена да им даде поддршка на двете страни, пренесува Танјуг.
„Турција од почетокот бараше ситуацијата да се деескалира преку дијалог, а по завршувањето на изборниот процес, претседателот Ердоган имаше телефонски разговори со Курти и Вучиќ и изрази подготвеност да даде поддршка, доколку страните побараат посредништво од Турција“ изјави турскиот амбасадор во интервју за Зери.