Ердоган: Европа е во паника поради конфликтот во Украина!

Претседателот на Турција – Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Европа е во паника поради конфликтот во Украина.

„Во време кога нашата земја веќе 11 години успешно се справува со илегалната миграција од Сирија, сведоци сме на паника во Европа поради руско-украинската криза. Се молиме за брз излез од овој критичен период“ – рече Ердоган на конгресот на владејачката Партијата за правда и развој.

Ердоган оцени дека „се руши системот што Западот го изгради за да ја зачува својата безбедност и напредок“.