Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го суспендираше фудбалското првенство по насилството на натпреварот меѓу Анкарагучу и Ризе.
Претседателот на Анкарагучу, Фарук Коџа, го нокаутираше главниот судија Халил Умут Мелер, откако тој означи крај на натпреварот. Ризе успеа да освои бод со голот постигнат во 97.минута.
Додека Мелер лежеше на земја, неколку навивачи кои влегоа на теренот ист така му зададоа удари.
Ankaragücü başkanı Faruk Koca’dan Halil Umut Meler’e yumruk 👊#FırıldakAliSezonu
Ali Koç ve bu zihniyette olanlar zaten dipte olan Türk futbolunu daha da bitiriyor.Ali Koç eserinle övünebirlirsin pic.twitter.com/Y0qp83jwns
— RiÇirt🔥®️ (@KocayildizCS) December 11, 2023
Како што пренесуваат тамошните медиуми, Мелер и Коџа по инцидентот биле пренесени во болница, претседателот на клубот под полициска придружба со најава дека ќе биде приведен откако ќе добие лекарска помош.
По инцидентот кој стана главна спортска вест ширум светот, претседателот на Турција го прекина првенството.
„Го осудувам нападот на судијата, му посакувам брзо закрепнување“, рече Ердоган,
„Спортот значи мир и братство. Спортот е неспоив со насилство. Никогаш нема да дозволиме насилството да го зафати турскиот спорт“.
Потоа, претседателот на Турската фудбалска федерација (ТФФ), Мехмед Бујукекси, потврди дека Суперлигата е „одложена на неодредено време“.
Мелер има 37 години и се наоѓа на елитната судиска листа на УЕФА.