Ердоган го повика Путин да го прекине огнот

Претседателот на Турција – Реџеп Таип Ердоган го повика рускиот претседател Владимир Путин да прогласи прекин на огнот во Украина, да отвори хуманитарни коридори и да потпише мировен договор.

Во соопштението од кабинетот на турскиот претседател по едночасовниот телефонски разговор што го имале двајцата функционери е соопшено дека Ердоган му кажал на Путин дека Турција е подготвена да придонесе за мирно решение на конфликтот.

Ердоган го повторил својот повик заедно да го отворат патот за мир.

Путин, пак, кажал дека операцијата се одвива според планот и распоредот и изразил надеж дека украинските преговарачи ќе имаат конструктивен пристап во разговорите и ќе ја земат предвид ситуацијата на теренот, соопшти Кремљ.