Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во четвртокот ги повика земјите кои продолжуваат да му доставуваат оружје на Израел да го прекинат своето „соучесништво во неговите злосторства“ во Појасот Газа.
– Земјите кои го поддржуваат Израел со муниција и оружје за неговите масакри мора да престанат да бидат соучесници во ова злосторство – рече Ердоган на заедничката прес-конференција во главниот град Анкара со неговиот узбекистански колега Шавкат Мирзијоев.
Критикувајќи ја меѓународната заедница, која според него не направила доволно за да се стави крај на „масакрот“ во Газа, Ердоган ги повика и „сите совесни и одговорни страни да преземат чекори и напори веднаш да воспостават прекин на огнот“.
Претседателот на Узбекистан Мирзијоев изјави и дека за да се постигне стабилен и траен мир во Појасот Газа, неопходно е да се формира независна и слободна држава Палестина.
Оттогаш во Газа се убиени околу 36.600 Палестинци, повеќето жени и деца, а повеќе од 83.000 други се повредени, според локалните здравствени власти.
Израел е обвинет за геноцид од Меѓународниот суд на правдата, чии последни пресуди му наложија на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во јужниот град Рафах, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да биде нападнат на 6 мај.