Ердоган во Берлин на мечот меѓу Турција и Холандија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вечерва пристигна во Берлин за да присуствува на натпреварот меѓу Холандија и Турција во четвртфиналето на Европското првенство.

Ердоган пристигна со сопругата Еминe Ердоган, а придружуван од советникот Акиф Килич и заменик портпаролот Чагатај Оздемир пристигна на Олимпискиот стадион, јавуваат турските медиуми.

Од кабинетот на турскиот претседател претходно соопштија дека тој доаѓа во приватна посета и дека по натпреварот ќе ја напушти Германија.