Ердоган бесен: Ќе бидат уништени, сите, до последен!

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека земјата е решена да ја уништи Курдистанската работничка партија „до последниот терорист“.

„Терористичката организација, која претрпе големи загуби во операциите што ги спроведува Турција долж нејзините јужни граници, го покажа своето валкано лице пролевајќи ја крвта на невините луѓе со минофрлачки напади врз цивилните населби на нашите граници“ – рече Ердоган.

По владиниот состанок во Анкара, турскиот претседател посочи дека продолжуваат чекорите за воспоставување безбедносна зона длабока 30 километри долж нејзините граници.

„Не ни треба ничие одобрение, додека преземаме чекори во однос на безбедноста на нашата татковина и нашиот народ и нема да известуваме никому“ – рече Ердоган.

Турскиот претседател посочи дека никој со празни закани нема да ја принудува Турција на позиции спротивни на нејзините интереси на политичко, дипломатско, економско и воено ниво.

„Никој не треба да биде вознемирен од воените операции на Турција, со цел проширување на безбедносната зона“ – заклучи Ердоган.

„Не ни треба ничие одобрение, додека преземаме чекори во однос на безбедноста на нашата татковина и нашиот народ и нема да известуваме никому“, рече Ердоган.