ЕП одобри над една милијарда евра помош за пет земји погодени од поплави во 2023 година
Европскиот парламент денеска одобри повеќе од еден милијарда евра од Фондот за солидарност на ЕУ за да помогне во напорите за обновување на пет држави членки на ЕУ погодени од тешки поплави во 2023 година.
Италија ќе добие 378,8 милиони евра за да ги покрие штетите од поплавите во регионот Емилија-Ромања во мај 2023 година. Дополнителни 67,8 милиони евра ќе бидат доделени за регионот Тоскана по поплавите од октомври и ноември минатата година. Словенија ќе добие 428,4 милиони евра за справување со последиците од поплавите во август 2023 година. Австрија ќе добие 5,2 милиони евра, Грција – 101,5 милиони евра, а Франција – 46,7 милиони евра.
Помошта ќе покрие дел од трошоците за итни и обновувачки операции, како што се поправка на оштетената инфраструктура, заштита на културното наследство и спроведување на операции за чистење.
Членовите на Европскиот парламент ја изразија својата „длабока солидарност со сите жртви и нивните семејства“ и побараа зголемување на фондовите за справување со зголемениот број природни катастрофи.