ЕП започнува проверка за судир на интереси на еврокомесарите

Европскиот парламент соопшти дека започнува проверката за судир на интереси на предложените нови еврокомесари. Проверувањето ќе го изврши парламентарната комисија за правни прашања и се очекува да заврши до 18 октомври.

ЕП посочува дека проверките се спроведуваат на затворени состаноци, а резултатите ќе бидат објавени по завршувањето на проверката за сите кандидати. Изјавите на кандидатите за нивните интереси ќе бидат објавени по крајот на проверката и пред почетокот на сослушувањата во парламентарните комисии. Кандидатите треба да наведат дали се наоѓаат во судир на интереси во однос на идните задолженија во Европската комисија.

ЕП вчера најави дека сослушувањата на кандидатите ќе се одржат од 4 до 12 ноември.