Енрике Иглесијас се откажа од наследство вредно 100 милиони евра

Пејачот Енрике Иглесијас се откажал од семејното наследство, пишуваат шпанските медиуми.

Тој е син на познатиот шпански пејач Хулио Иглесиас (79), но со години не се во добри односи.

„Нивниот однос никогаш не бил најдобар, со години не се слушаат, дури ни на телефон. Енрике смета дека кариерата ја изградил без помошта на татко му“, пишува El Nacional.

Поради тоа, Енрике одлучил да се откаже од наследството на кое има право како едно од осумте деца на Хулио. Се проценува дека самиот тој тежи 100 милиони евра, а неговата сопруга Ана Курникова 60 милиони евра.

Сепак, се проценува дека Хулио има богатство од 800 милиони евра, па Енрике би имал право на дури 100 милиони.

Хулио богатството го стекна со успешната кариера како пејач, но и со вложување во недвижности во Доминиканска Република

Сопственик е на вили во Мајами и на Бахами, има приватен авион вреден 45 милиони евра, колекција скапи автомобили, акции во козметички фирми и друго.