Енергетската криза ја искористија продавачите на огревно дрво со качување на цената

Време е на криза, инфлацијата расте, а војната во Украина и енергетската неизвесност во светот, создаваат паника и непредвидливост на цените.

Кај приватните продавачи во Македонија кубен метар огревно дрво се к упува и по цена повисока од 5 илади денари. Граѓаните кои се греат на дрва се чувствуваат измамени, додека продавачите велат дека има недостиг. Властите алармираат дека приватници ја користат ситуацијата и дека станува збор за вештачки раст на цените. Состојбите се предизвик за уште поагресивно нелегално сечење на шумите, криминалот е во пораст.

За цените на огревно дрво, со оглед на војната во дел од Европа, би можеле да се карактеризираат како воено профитерство во Македонија.

Наспроти апелите за заштита на животната средина, неизвесноста со снабдувањето со струја и неизвесноста од цената на струјата, го прави своето и дел од граѓаните кои не се грееле на дрва, оваа зима ги наполнија подрумите.

Од Македонски шуми велат дека порано разликата во цената на дрвото била околу 500 денари, односно за толку отприлика било поевтино да се набави од претпријатието. Но, сега државното претпријатие нема капацитет да ја задоволи побарувачката за дрва за огрев, а приватниците кои работат со сеча на дрва, тоа го користат, за на крајот граѓаните да го платат цехот.

Директорот на ЈП „Национални шуми” во разговор за МИА, вели дека повисоката цена на огревното дрво во Скопје се должи на транспортот.