Македонскиот државјанин Емре Исмаили(32) од селото Жировница (општина Маврово-Ростуше) е убиениот во германскиот град Есен по расправија со двајца Еритрејци на 25 и 29 годишна возраст.
Сведок на настанот му пружил прва помош и се обидел да го реанимира повредениот, кој веќе бил онесвестен, но за жал веќе било доцна.
Во продолжение пост објавен на Фејсбук групата „Македонци во Германија“:
„Убиено златно дете од Жировница (Маврово-Ростуше) мој соселанец.
За жал Германија насобра секакви будали од сите страни на светот и стана една од нај опасните држави .
Иако законот можеби функционира, но опасноста не изостанува, а после изгубен млад живот, се е залудно дали убиецот ќе биде фатен и осуден …
Ова нека биде поука и апел до сите деца, тинејџери и родители :
Внимавајте каде излегувате и избегнувајте било какви провокации и инциденти ‼️
Детево ни криво ни должно излегло на прослава и не се врати дома, судбината така сакала, да биде на погрешно место во погрешно време.
Неговите родители скоро дојдени тука во посета, а ќе се враќаат назад со синот во ковчег …..наша гурбетска трагична судбина.
Emre Ismaili
https://www.presseportal.de/blaulicht/pm/11562/5716816“ стои во постот.