Шпански „Ел Мундо“ презентира комуникација меѓу таткото на Лео Меси и фудбалскиот клуб Барселона и барањата на Аргентинецот за да му се продолжи договорот.
Каталонскиот медиум ги нарече „брутални“ барањата на Меси за нов договор.
Преговорите меѓу двете страни почнале на 11 јуни 2020 година. Тогаш се уште претседател на Барселона беше Жосеп Бартомеу.
Меси барал на „Камп Ноу“ да има приватна ложа за неговото семејство и семејството на Луис Суарез.
Барал приватен авион со кој неговото семејство секоја година за Божиќ ќе лета во Аргентина.
Само за потпис на договорот барал бонус од 10 милиони евра.
Барал во новиот договор откупната клаузула од 700 милиони евра колку што беше претходно, да му се намали за симболични 10.000 евра со цел да може да си замине кога ќе сака.
Меси барал камата од 3 проценти за долгот кој клубот го имал кон него од сезоната 2019/20.
„Ел Мундо“ пишува дека за намалувањето на платата од 20 проценти во овој период, Меси барал сумата да му биде враќања во текот на трите сезони од евентуалниот нов договор, со камата.
Весникот пишува дека Бартомеу бил подготвен да ги прифати сите барања на Меси освен две: намалување на откупната клаузула на 10.000 евра и 10 милиони евра за потпис на новиот договор.
Летото кога Меси преговараше со Лапорта, ситуацијата на Барселона беше уште полоша, па разделбата меѓу двете страни беше неминовна, тврдат од весникот.