Елиф Елмас е на пат да заигра за Галатасарај
Турските медиуми најавуваат нова трансфер-бомба на Галатасарај, „македонска бомба“ која би му нанела болен удар на ривалот Фенербахче.
Галата веќе испратил понуда за македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, кој е врзан со договор со Лајпциг до 2028 година, па во Турција би играл како позајмен.
Станува јасно дека Елмас ни сезонава нема да ја има посакуваната минутажа во Лајпциг и можеби добро би било за него да ја прифати понудата од Галатасарај и како позајмен да игра за турскиот првак, каде што тимски колеги би му биле Виктор Осимен и Дрис Мертенс, со коишто играше во Наполи.
Елмас играше за Фенербахче од 2017 до 2019 година, пред да се пресели во Наполи.