Елиф Елмас во тимот на колото во Серија А

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го обезбеди триумфот на Наполи на последниот дуел од италијанската фудбалска лига на гостувањето кај Аталанта (1:2).

Нашиот играч влезе во игра во второто полувреме и по асистенцијата на Осимен стрелаше во мрежата на домаќините.

За Елмас тоа беше втор погодок сезонава во деветтиот настап за „наполитанците“.

Денеска нашиот фудбалски „дијамант“ се најде во тимот на колото во изборот на Серија А, со оценка 7,0.

Покрај Елмас, меѓу најдобрите 11 се и Суле (Фросиноне), Дибала (Рома), Берарди (Сасуоло), Ел Шарави (Рома), Малиновски (Џенова), Кандрева (Торино), Монтеризи (Фросиноне), Досена (Каљари), Тољан (Сасуоло) и Мањан (Милан).