Францускиот претседател Емануел Макрон ќе ја почитува одлуката на француските гласачи по денешните парламентарни избори на кои најмногу гласови освои левичарскиот Нов народен фронт, соопшти неговиот кабинет.
Во соопштението беше наведено дека претседателот ги анализира проекциите и дека согласно традицијата ќе почека да добие целосна слика за резултатите пред да ги донесе потребните одлуки за тоа кому ќе го добие мандатот за состав на влада.
„Во својата улога како гарант на нашите институции, тој ќе обезбеди почитување на суверениот избор на Французите“, додаваат од Елисејската палата.