ЕК предложи БиХ да добие кандидатски статус

Европската комисија им предложи на земјите-членки на ЕУ да и дадат кандидатски статус на Босна и Херцеговина, со услови.

Советот на Европската унија, односно сите членки, едногласно ќе одлучуваат за кандидатскиот статус со услови во декември годинава.

Од БиХ беше побарано да работи на реформите и беа наведени осум приоритети. Се очекува во декември да добијат позитивен одговор од членките, со оглед на тоа дека тоа е идентична формула на препораката на ЕК како што беше случајот со Украина и Молдавија.

Како што пренесува Кликс, досегашното искуство покажува дека членовите би можеле да постават дополнителни барања покрај оние што ги дава Европската комисија, но кандидатскиот статус е речиси сигурен.