
„Бугарија и Северна Македонија да промовираат атмосфера на дијалог и да избегнуваат непотребни тензии“, соопшти Европската комисија во врска со последните случувања во односите меѓу Софија и Скопје.
„Многу внимателно го следиме развојот на настаните поврзани со односите меѓу Бугарија и Северна Македонија. Европската комисија потсетува на важноста на добрососедските односи. Во овој контекст, потребни се напори од сите страни да се промовира атмосфера на дијалог и меѓусебно почитување и да се избегнуваат непотребни тензиии“ истакнале од ЕК за бугарска БНТ.
Брисел не ги коментира случувањата на границата на 4 февраури. Велат дека не коментираат тековни истраги или правни постапки.